|
Албанија ќе лобира за приемот на Македонија во НАТО |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 24 Јануари 2012 09:51 |
|

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Фатмир Бесими и Арбен Имами на 20.01.2012 средба во Скопје ја потврдиле одличната соработка помеѓу двете држави во областа на одбраната и безбедноста.Македонското министерство за одбрана соопшти дека за време на официјалните разговори министрите од двете земји дискутирале за прашања околу интеграцијата на Македонија во НАТО, особено пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго.„Ние имаме одлични искуства при соработката на билатерален, на регионален план, но и во однос на евроатлантските интеграции. Впрочем, ние преку Јадранската повелба заедно минавме низ патот на интеграција кон НАТО“,истакна по средбата министерот Бесими.Mинистерот Имами уште еднаш ја потврдил поддршката на Албанија за влез на Македонија во НАТО, истовремено истакнувајќи дека неговата земја ќе продолжи,на средбите и форумите на сите нивоа,кои ќе се одржат пред самитот, безрезервно да лобира за интеграција на Македонија во Алијансата.Колку побрзо Македонија и земјите во регионот се интегрираат во НАТО и во ЕУ.
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Вторник, 24 Јануари 2012 11:56 |
|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 27 Декември 2011 10:26 |
|
Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, ви честитаме Среќна Нова 2012 Година и Среќни Божиќните празници, со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

Të dashur Maqedonase dhe Maqedonas në Shqipëri, në emër të Shoqatës Maqedonase "Ilinden"-Tiranë ju uroj Gëzuar Vitin e Ri 2012 dhe Gëzuar Krishtlindjet,me dëshirë për një vit të sukseshëm dhe të begatë! |
|
Последно освежено на Вторник, 27 Декември 2011 10:28 |
|
Mалцинствата во Албанија ќе се жалат во Стразбур |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 20 Декември 2011 10:39 |
|
Во град Корча се оддржа тркалезна маса на која учествуваа претставници на малцинствата во Албанија,во врска со последната одлука на Уставниот суд на Албанија, со која се укинува правото на запишување на националноста и, според нив,неуспешниот попис на населението. На средбата присуствуваа претставници на Македонците, Власите, Грците, Ромите и Египќаните, кои уште еднаш пописот го оценија како неуспешен,затоа што поголемиот процент од нив го бојкотираа поради неможноста слободно да ја искажат својата етничка припадност.Пред присутните,покрај другите, зборувал претседателот на партијата на Македонците, Македонска Aлијанса за Eврпска Интеграција, Едмонд Темелко кој посебно го нагласил дискриминаторскиот однос на албанските власти во пописот,а сега и со скратување на можноста етничката припадност слободно да ја искажат и оние кои живеат во подрачја каде им се признава статус на малциснтво.Македонците кои живеат во Мала Преспа сега не може да се изјаснат како Македонци,а ние бараме тоа албанските власти да го дозволат за сите Македонци во Албанија.И Грците кои се признати во јужниот дел на Албанија со одлуката на Уставниот суд не ќе може да се искажат како Грци.Тоа важи и за Србите и Црногорците,а за остантите кои воопшто не се признати како малциство и да не зборуваме.Како може денеска во демократија да се случуваат вакви нешта,изјави Темелко,кој посочи дека за време на комунистичкиот режим тоа им било дозволено со закон и на личните карти им стоела запишана националноста на која и припаѓаат.Околу неуспешниот попис и новата неправда врз малцинствата остро реагирал и Вангел Дуле,од Партијата за човекови права (партија на грчкото малцинство) искажувајќи незадоволство од албанските власти и од меѓународните претставици во Тирана кои како што рекол, останел глуви на апелите на малцинствата за дијалог,соработка и комуникација.Претставниците на малциствата се договорија правдата да ја бараат во Стразбур.
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Вторник, 20 Декември 2011 15:48 |
|
Македонците основаа партија на Косово |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 20 Декември 2011 10:35 |
|

Македонското малцинство на Косово основаше сопствена партија.Од сега во оваа држава Mакедонците ќе бидат застапувани од страна на Демократската партија на Македонците. Оваа информација синоќа била објавена од страна на ретседателот на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед од косовската област Гора,Исмаил Бојда.Како што изјавил Г-дин Исмаил Бојда партијата треба да започне со работа до крајот на оваа година односно до средината на јануари наредната година до кога косовските власти треба да издадат решение за работа.Бојда е оптимист за давањето дозвола за работа од причини што досега им се доделени дозволи за работа на хрватското малцинство кое има 400 лица исто така и на Црногорците кои што имаат 500 лица а пак Македонското малцинство во Косово бори над 3000 граѓани.Доколку во овој период добие дозвола првиот посериозен предизвик партијата ќе го има веќе во април месец за кога се закажани парламентарните избори во Косово.
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Вторник, 20 Декември 2011 15:24 |
|
Меѓу Македонија и Албанија само со лична карта |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Четврток, 15 Декември 2011 11:08 |
|

Република Македонија и Република Албанија потпишаа спогодба,граѓаните на двете земји да може да ја поминуваат меѓусебната граница само со биометриска лична карта. Спогодбата ја потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји,Г-дин Никола Попоски и Г-дин Едмонд Хаџинасто,денеска во Тирана. По стапувањето во сила на Спогодбата на македонските и на албанските државјани ќе им се овозможи да влегуваат,излегуваат,транзитираат и краткорочно престојуваат до три месеци во секој шестмесечен период,сметано од денот на првото влегување, со важечки биометриски лични карти.
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Четврток, 15 Декември 2011 13:45 |
|