|
Напишано од Nikola
|
|
Вторник, 21 Февруари 2012 22:04 |
|

Фоклорна група "Лешничани" од Тирана, Албанија ке учестува на манифестациа "Скрб и Утеха -Тиха" 19- ти Дионисови Слави 24-25.02.2012 година почеток 17 часот Градска Библотека "Браќа Миладиновци" - Скопје, Македонија
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Среда, 22 Февруари 2012 18:00 |
|
Македонците во Албанија завеани и заборавени! |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Четврток, 16 Февруари 2012 16:07 |
|

Состојбата на Mакедонците во Голо Брдо, Албанија кои веќе еден месец се завеани под снег, без електирчна енергија и со потрошени резерви за храна.Досега до нив стигнала само една пратка од 40 пакети за храна која е минимална за нив. Дополнително состојбата им се отежнува со тоа што немаат електрична енергија веќе две недели. Апелираат за помош од Македонија, бидејќи таму велат никој не ги гледа. ’’Фала на Бога што сме живи! Досега никаква помош немаме, патиштата се затворени апелирам до Република Македонија граничниот премин што е кај Требиште кој уште не е пуштен во употреба да се отвори да го расчистиме. Тој е на растојание од 12 километри до Дебар. Да се донесе храна лек за некој болен, немаме каде да одиме!Околу два метра снег имаме. Резерви со храна немаме веќе! Ниту институциите тука не ни помагаат, ништо нема! И патектите кои дојдоа не се доволни, тие се за посиромашните,продуктите во продавницте се потрошија.” – вели Бесник Хасани жител на село Требиште Голо Брдо. Без никаква комуникација и со снежна обвивка над два метри жителите велат дека нема каде да се обратат. Најризични се старите луѓе и малите деца кои немаат лекови, минатата недела за да стигнат до болницата во следната општина 50 мажи три часа на раце носеле бремена жена во кебе.“Снемува храна и лекови. Имаше случај пред некој ден околу 50 мажи носеа бремена жена во ќебе од едно село во друго за во болница цели три часа пеш. Исто така имаше случаи кога неможеа да се вратат од болница. ” – вели Васил Стерјовски – жител на Албанија. Според Македонците кои живеаат во Албанија, албанската држава предност во расчистувањето им дава на општините во кои живее албанско, а ги заборава оние во кои има македонско население.
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Петок, 17 Февруари 2012 18:52 |
|
Австралија ги призна Македонците, на ред е уставното име |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Четврток, 16 Февруари 2012 16:03 |
|
Австралиската влада конечно реши да го повлече терминот „славомакедонски“ и во официјалната употреба да го користи македонски, објави Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП).

Комитетот ја поздрави одлуката на австралиската влада да ја промени политиката кон македонската заедница и го повтори своето барање „владата на Австралија логично да постапува и да ја признае Република Македонија под нејзиното официјално и демократско избрано име“.Според комитетот, директивата со која Македонската заедница беше преименувана во 1994 година ќе биде тргната, а за тоа добиле писмена потврда од вршителот на должноста шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, кој напишал:„Јас можам да потврдам дека „славомакедонското“ административно циркуларно писмо повеќе не е во сила во Министерството за надворешни работи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичаената практика што се однесува до неважечки административни циркуларни писма, тоа е поништено и документот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека „славомакедонската директива“ не се применува во други владини служби, вклучувајќи ги и Министерството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика.“Министерството за имиграција и државјанство, како што информира Aвстралиско-Mакедонскиот комитет за човекови права, го потврдува овој став во друго писмо од 11 јануари 2012 година: „Како што изјавил вршителот на должноста шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, јас можам да потврдам дека ова министерство активно не го употребува терминот „славомакедонски.“ На пример, Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот „Македонски“. Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-Австралиската заедница во врска со ова прашање.“Со оваа победа, како што вели комитетот, се обележува крајот на една значајна и долготрајна кампања,чија цел беше австралиската владата да се согласи да го прифати правото на Mакедонската заедница на самоидентификација.Кампањата почнала во 1994 година и вклучувала сослушувања во Високиот суд на Австралија,Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија. „Кампањата го достигна својот врв неодамна како последица на интензивна серија од размени на мислења, која вклучуваше средби и допишувања со водечки министри на владиниот кабинет (вклучувајќи ја и премиерката), парламентарни претставници од сите политички партии и разни владини министерства“, информира Комитетот за човекови права (АМКЧП).Соопштението на австралиската влада дека официјално и става крај на својата навредлива политика на преименување значи враќање кон долготрајната и успешната политика на мултикултурата, смета Австралиско-Mакедонскиот комитет за човекови права и додава дека ова е победа што ќе биде корисна за зачувување на човековите права на сите Австралијци
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Петок, 17 Февруари 2012 18:55 |
|
140-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев |
|
|
|
|
Напишано од Nikola
|
|
Петок, 03 Февруари 2012 19:55 |
|

По повод 140 години од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најголемите Mакедонски револуционери, утре во црквата „Св. Спас“, ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Преседателот на Македонско друштво “Илинден” –Тирана Г-дин Никола Ѓурѓај и Координатор Г-дин Ерјон Танај
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Сабота, 04 Февруари 2012 07:50 |
|
Албанија ќе лобира за приемот на Македонија во НАТО |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Вторник, 24 Јануари 2012 09:51 |
|

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Фатмир Бесими и Арбен Имами на 20.01.2012 средба во Скопје ја потврдиле одличната соработка помеѓу двете држави во областа на одбраната и безбедноста.Македонското министерство за одбрана соопшти дека за време на официјалните разговори министрите од двете земји дискутирале за прашања околу интеграцијата на Македонија во НАТО, особено пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго.„Ние имаме одлични искуства при соработката на билатерален, на регионален план, но и во однос на евроатлантските интеграции. Впрочем, ние преку Јадранската повелба заедно минавме низ патот на интеграција кон НАТО“,истакна по средбата министерот Бесими.Mинистерот Имами уште еднаш ја потврдил поддршката на Албанија за влез на Македонија во НАТО, истовремено истакнувајќи дека неговата земја ќе продолжи,на средбите и форумите на сите нивоа,кои ќе се одржат пред самитот, безрезервно да лобира за интеграција на Македонија во Алијансата.Колку побрзо Македонија и земјите во регионот се интегрираат во НАТО и во ЕУ.
www.ilinden-tirana.com |
|
Последно освежено на Вторник, 24 Јануари 2012 11:56 |
|