Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара од претседателот на Албанија да ја признае Македонја PDF Печати Е-пошта
Среда, 30 Август 2017 12:39

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, испрати барање до шефот на албанската држава,Илир Мета,неговата држава да ја признае Република Македонија под уставното име. Република Албанија е меѓу првите држави која ја призна независноста на Републка Македонија, но под референцата ПЈРМ. Со писмото кое,од името на сите Македонци што жвеат во Албанија, го упативме до Претседателот Мета, бараме Република Албанија да ја признае Републка Македонија под уставното име,- изјави за Македонски весник Илинден, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Во писмото потсетуваме, посочува тој, дека Република Македонија под уставното име е призната од 133 држави,вклучувајќи ги и трите држави, постојани членки на Советот за безбедност, САД, Кина и Русија а дипломатски односи има воспоставено со повеќе од 170 држави во светот. Прзнавањето на нашата матична земја под уставното име,оценува Ѓурѓај, позитивно ќе влијае во унапредувањето на билатералните односи и соработка меѓу двете земји во сите области што е во интерес на двете држави и двата народа,но и на целиот регион и пошироко. Меѓу двете соседни и пријателски држави има интензивни политички посети на сите нивоа, економски средби и форуми. Во билатералната комункација и воопшто албанските политичари и медиумите, кога станува збор за Република Македонија, тие ја именуваат со уставното име,што е повеќе од добра основа, тоа и официјално да се направи, смета Ѓурѓај.


www.ilinden-tirana.com

 
Албанскиот хелсиншки комитет ја доби Резолуцијата на ФУЕН за состојбата на Македонците во Албанија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 29 Август 2017 11:30

Резолуцијата, којашто беше едногласно усвоена на 62.Конгрес на ФУЕН, а предложена од македонското друштво „Илинден“-Тирана, е доставена до Владата на Република Албанија, до меѓународни и други институции во земјата. Известување дека е добиен документот добивме од Хелсиншкиот комитет, во кое стои дека оваа институција со голем интерес ја прочитале Резолуцијата и најавуваат брза средба со нас, изјави за Македонски весник “Илинден”, претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај. Како што стои во известувањето, Албанскиот хелсиншки комитет е организација за заштита на човековите права, која во својот фокус ја има и заштитата и свеста на јавноста за правата на националните малцинства. Во тие рамки, сигурно ќе бидеме вклучени во решавањето на прашањата вклучени во Резолуцијата од страна на одговорните институции, до степен до кој тие се во согласност со мисијата на АХЦ, посочуваат од комитетот. Македонско друштво „Илинден“-Тирана како официјален член на ФУЕН, го искористи правото да ја достави резолуцијата до Конгресот што во мај годинава се одржа во Република Романија. За неа гласаа сите 300 делегати  на 50 асоцијации на повеќе од триесет малцинства од исто толку земји во Европа. Резолуција содржи седум точки со кои меѓу другото се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба на Советот на Европа за регионални и малцински јазици, признавање на македонското национално малциство во Голо Брдо, Гора и цела територија на Република Албанија, државната телевизија (ТВШ) да емитува програма на македонски јазик, образование на мајчин македонски јазик, како и преиспитување на територијалната поделба на Албанија со Законот од 2015 година. Македонското друштво „Илинден”-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас.


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара интернационаланите изводи да бидат и на македонски PDF Печати Е-пошта
Среда, 23 Август 2017 08:16

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационаланите изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа служба, да бидат на македонски јазик. Тие сега се издаваат освен на албански и на грчки, италијански, англиски, германски,- изјави за Македонски весник “Илинден”, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Во барањето се посочува дека со донесувањето на ваква одлука на многу граѓани ќе им се помогне да не се изложуваат на дополнителни напори, како и трошоци за превод на документот од албански на македонски јазик.


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита најголемиот Македонски празник Илинден PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 31 Јули 2017 14:03

 

 

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана ви честитам најголемиот Македонски празник Илинден, да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 -та.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
Весникот “Илинден” стана дел од платформата Daily.mk PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 Јули 2017 08:56

Единстениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, кој од средината на март годинава е и со елекронско издание, стана дел од платформата Daily.mk. Сега весникот “Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, “Илинден” стана прв весник на Македонци од Балканот што е дел од прекрасната платформа за вести. Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник и познат публицист му се заблагодарува на тимот на Daily.mk. Првиот број на весникот„Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора во светот. Весникот пренесува и информации и за матичната земја Македонија. Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот се активностите на Македонците во Албанија, негувањето на традициите и обичаите, објвавени книги, монографии и публикации на Македонците, да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се. Весникот е на македонското друштво „Илинден“, со седиште во Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 3 од 67