Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици PDF Печати Е-пошта
Среда, 23 Јануари 2019 23:50

 

 

Почитувани Македонци и Македонки, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, ви честитаме големиот Христијански празник Богојавление Христово - Водици. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај

 
Честитка по повод Стара нова година и Св.Василиј – Василица од Македонското друштво „Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта
Среда, 16 Јануари 2019 21:36

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Старана нова година 2019 и Св.Василиј - Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај

 

 
Kатастрофална состојба од снегот во областа Голо Брдо и Гора PDF Печати Е-пошта
Петок, 11 Јануари 2019 10:14

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо 
Претседател Или Халилај

 
Честитка по повод Божик од Македонското друштво „Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта
Недела, 06 Јануари 2019 10:39

 

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, од името на сите Македонци во Албанија, по повод Христовото раѓање – Божик, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски Г.г. Стефан и до сите православни верници.

Дозволете ми од мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонци кои живат во Албанија, Вам лично, на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје и среќа, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот.

И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакаме во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди! Навистина се роди!

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати честитка за Нова Година 2019 PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 Декември 2018 21:48

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Божик и Нова Година 2019 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 4 од 80