Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Претседателот на МД ”Илинден”-Тирана средба со претседател на Советот на национални малциства во Р.С PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 Јули 2017 08:46

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на 18.07.2017 година оствари средба со Весна Темелковска - Вуковиќ преседател на Советот на национални малциства на Народното собрание на Република Српска. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира преседател на Советот на национални малциства на Народното собрание на Република Српска за активностите на друштвото и за положбата на Македонското национално малциство во Албанија. На средбата се нагласи дека Македонците во соседните држави и балканот да имат повеќе соработка но се прават напори тие контакт во иднина да се зајакнат со почести средби и организирање на јавни собири.


 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво „Илинден“-Тирана – учесник на Националниот младински конгрес PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Јули 2017 19:57

Македонско друштво “Илинден”-Тирана од 05.07.2017 до 06.07.2017 година учестуваше на петиот Национален младински конгрес на Албанија што се одржа во Младинскиот центар во Тирана. По петиот пат на Националниот младински конгрес присутен беше и претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај. Во Конгресот учествуваа 80 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња на делување. Конгресот е можност да се запознаат подобро младинските кои работат во Република Албанија и да се зајакне нивната соработка меѓу организаците. Конгресот се реализира со поддршка на германската Фондација “Фридрих Еберт”. Сите организации кои учествуваа на Конгресот беа презентирани со постер во текот на целиот Конгрес.



www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестуваше на XX-тиот ФУЕН семинар на словенските малцинствата PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 Јуни 2017 09:31

 

Од 22.06. до 25.06.2017 година во Бауцен,Германија се одржа XX-тиот ФУЕН семинар на словенските малцинствата од Европа. Организатор на оваа средба беше Унијата на европските националности (ФУЕН) во соработка со Домовина Федерација на Лужичките Срби во Германија, која е исто така членка на Унијата на европските националности (ФУЕН). Покрај другите, во работа на семинарот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на ФУЕН, истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. На овој семинар од страна на претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај беше презентиран материјал на тема “Положбата на Македонците во Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Според предизвиканиот интерес кај присутните, можеше да се заклучи дека ваква презентација беше за прв пат видена во работната група на словенски малцинства во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Тоа значеше и сериозно анимирање на учесниците на семинарот за состојбата на Македонците во Албанија. Освен тоа, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на семинарот оствари средби со Винцзе Лорант, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), потоа со Давид Статник, претседател на Домовина – федерација на Лужички Срби, Германија. Својата работна агенда ја продолжи со разговорот со Тања Новотин Галубич, заменик-градоначалник во Бјеловарска – Билогорска Жупанија од редовите на чешкото малциство во Хрватска. Исто така, имаше средба и со Бернхард Зиец, потпретседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), и дел од бордот на Домовина, Федерација на Лужичките Срби во Германија и со Рејска Липичец од Федерација на Лужичките Сорби во Германија и пројект менаџер на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана со осуда на софиската инвазија за создавање бугарско малциство PDF Печати Е-пошта
Вторник, 20 Јуни 2017 12:21

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо најостро ја осудува неодамнешмната посетата на Милен Врабевски во Република Албанија како претседател на Фондацијата “Бугарска Памет“, заедно со Росен Плевнелиев претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година и претседател на Фондацијата “Решенија за иднината“ и европратеникот д-р Андреј Ковачев кој активно работи во Европскиот Парламент за признавање на “бугарско малцинство“ во Албанија, и средбите со претставници на општините Корча и Билишта со цел “реализација на образовни иницијативи за промоција на бугарско малцинство во Албанија“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо повторува дека Бугари во Албанија, а посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, НЕМА. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо упатува најостри критики кон официјална Софија, која продолжува со агресивната антимакедонска политика и декларацијата за Македонците во Албанија како Бугари. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци, Македонците во Албанија не се “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за антимакедонската политика и преименувањето на Македонците во Албанија за “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо антимакедонизмот на Софија го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за “бугарско потекло“, иако Македонците се изложени на тој ризик заради емиграција во западно-европските земји од социо-економски причини, а не заради живот во Бугарија како “Бугари“.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa

Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо

Претседател Или Халилај

 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги повикува македонците да дадат потпис за иницијатива SafePac PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 19 Јуни 2017 09:16

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како дел од иницијативата SafePack “Ти не си сам. Еден милион потписи за разновидност во Европа” ги повикува сите македонци во европа да дадат свој потпис за ова важна кампања за правата на малциствата во европа вклучуваќи и македонското малциство во европа во следниот линк имате потребните информаци www.minority-safepack.eu/en/ Кампањата за иницијативата SafePack, започна во замокот Bonțida Bánffy, Клуј, Романија повеќе од 400 луѓе од сите страни на Европа учествуваа на настанот организиран како дел од Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Свој потпис даде и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, потписите беа симболично напишани на голем картата на Европа за да покаже дека Федералната унија на европските националности (ФУЕН) смета на секоја европска држава за време на кампањата, со цел да се соберат еден милион потписи.


www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 5 од 68