Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Среќен 7-8 ми Март PDF Печати Е-пошта
Среда, 08 Март 2017 09:54

Македонско друштво "Илинден"-Тирана и Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо ви посакува среќен 7-8 ми Март


 

 

 

 
Соопштение за медиумите: PDF Печати Е-пошта
Петок, 03 Март 2017 19:32

 

 

Македонско друштво "Илинден"-Тирана и Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци преставник на Власите во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ напиша за ФИРОМ за  Републка Македонија . Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски. Македонско друштво "Илинден"-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, преставник на Власите во државниот комитет за малциства, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство.


Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

 

Македонскo друштво "Илинден"-Tирана Огранок Голо Брдо                                                                       Претседателот г-дин Или Халилај

 
Македонско друштво “Илинден”-Тиранa писмо со факти за не постоењето на бугари во албанија PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Март 2017 20:54

 

 

Постапувајќи по доставените амандмани од бугарските претставници во Европскиот Парламент, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски амандмани на Годишниот извештај за заштита на малцинаствата во Албанија на седницата од 15 февруари 2017 година беше донесена одлука за прифаќање на нивните амандмани во Резолуцијата за напредокот на Албанија. Ваквиот чин предизвика големо негодување сред македонското малцинство во Албанија, но и пошироко. Поради тоа сакаме, на членовите на Европскиот Парламент да им предочиме неколку историски факти. Во врска со употребата на поимот „бугарски“ во средновековните извори, неопходно е нивно критичко толкување во конкретно време и простор. Постојат средновековни извори во кои пространи денешни македонски, српски и грчки предели заедно со населението исто така се атрибуираат како „бугарски“. Со развојот на балканската медиевистика, како и на антрополошката и социолошката наука денеска станува јасно дека поимите „Бугари“ и „бугарски“, освен примарното значење како припадност на турано-татарска племенско-етничка заедница, можеле да има и други значења. Затоа е потребно да се разјасни дека во средновековието, според сите истражувања, средновековните етноними немаат многу врска со етничноста, сфатена и интерпретирана од современ аспект. Впрочем науката вели дека современите национални идентитети во никој случај не може да се поврзуваат со средновековните етноними. Затоа недозволиво е современите сфаќања за национален идентитет да се проектираат во средновековието.

Ваквите податоци ги знае и бугарската наука, но слепо и тврдоглаво ја следи бугарската политика, која не успева да се ослободи од најголемите болки, наречени Охридска архиепископија и Сан Стефанска Бугарија. Македонците во Албанија, со овој чин, стана очигледно дека ниту со влезот на Република Бугарија во Европската Унија, бугарските научници и политичари не се ослободија од товарот што им го оставија нивните предци од крајот на 19. век. Сакаме да потенцираме дека неразумно е во втората деценија на 21. век, бугарската пропаганда да се служи со познатата, но и многупати, губитничка идеја за остварување на сонот за санстефанска Бугарија.  Неразнумно е бугарските научници, чии „дела“ се рефлектираат во доставената Резолуција на двата бугарски европарламентарци да користат финансиски средства од Европската Унија преку ним достапни фондови, за да се „бараат“ Бугари таму каде ги нема. Тоа го потврдува и фактот дека се уште постои оптовареноста на бугарската наука и политика од потребата со негација на другиот, да се добијат некои политички поени кај бугарскиот народ.  Во однос на јазикот кој го говориме ние како македонско населението во Албанија, ќе посочиме дека тоа е истиот јазик кој се говори во западните краеви на Македонија.

Чистотата на јазичната структура е сосема зачувана и заштитена од секакви влијанија имајќи предвид дека македонското население во Голо Брдо, Мала Преспа Гора и Поле со децении во енверова Албанија живееле како во енклава. Затоа, бугарските научници немаат основа да бараат бугарски јазик таму каде го нема. Ним ќе им биде подобро да ја прифатат јазичната реалност дека бугарскиот и македонскиот се два различни јазични системи, а во нив постојат и дијалектни системи. Еден таков дијалектен систем се среќава и во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Поле, но и кај сите Македонци расштркани по Република Албанија. Ваквата состојба ја потврдуваат сите објективни толкувачи на лингвистичката реалност, сиот разумен свет кој го почитува авторитетот на лингвистичките аргументи. Од друга страна, бараме  поголема контрола на европските фондови за истражување на историјата и културата на Македонците во соседството на матичната држава со цел да се запре отвореното негирање на Македонците на Балканот. Исто така, и македонските власти треба да почнат правилно да ги насочуваат средствата од европските фондови за наука и образование и со тоа да им се даде можност на научниците од Македонија за целосни, сеопфатни истражувања од доменот на историјата, етничкиот идентитет и неговите придружни компоненти како што се: етногенезата, преданија за потеклото, етноними, структурата на семејството, лични и семејни имиња, народна религија, исхрана, живеалишта, народната носија и украсувањето итн. Македонците од Албанија имаат потреба од тоа. За нивната национална определба најдобро говорат фактите. Имено, Македонците во Република Албанија, по распадот на комунизмот во 1990 година, почнаа да се организираат во разни политички и културни друштва.

Желбата да ја изразат својата етничка посебност, ги натера Македонците од областа Голо Брдо во 1990 година да се организираат во политичкото друштво ,,Братство’’ со седиште во Тирана. Во март 1993 година се формира политичко друштво ,,Мир’’ со седиште во Тирана, а неговата работа беше следена и со печатење на весникот „Мир“. Но, заради немањето основни финансиски средства, весникот иако многу популарен сред Македонците во Албанија, мораше да го прекине печатењето. Во април 2008 година се формира и фудбалски клуб ФК „Македонија“ со седиште во Тирана, кој најчесто го користат Македонците за рекреативни цели. Клубот нема поголеми амбиции, бидејќи за неговата работа никогаш немало финансиски средства. На 06.02.2009 година во Тирана беше формирано Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со седиште во Тирана, а после неколку години Друштвото на 5.10.2012 година отвори свој огранок во Голо Брдо со седиште во село Требиште, Голо Брдо. Ако кон ова ги додадеме бројните книги кои македонското национално малцинство со свои средства ги објавува во Албанија, јасно е дека нема никаков простор за манипулирање со нивната народност. Секако, ваквите здруженија и објавените книги не се однесуваат на измислените „Бугари“ од страна на бугарските европратеници. Прашањата кои пред нас искрснаа со прифаќањето на Резолуцијата на бугарските европарламентарци, секако би биле провокативни и за Вас, како европратеници.

  1. Зошто Вашата одлука за прифаќање на амандманите во Годишниот извештај за заштита на малцинаствата во Албанија се дочека со толкава радост во Бугарија, што дури од самите европратеници од Бугарија беше прогласена за ГОЛЕМА ПОБЕДА на бугарската дипломатија во Европскиот Парламент? Според наше длабоко убедување тоа е затоа што бугарските европарламентарци успеаја, повторно да подметат кукавичко јајце во демократска Европа и од него да издедат лажно пиле.
  2. Чуму им се настојувањета на бугарските политичари и научници да „бараат“ Бугари во Албанија, а не го прават тоа, на пр. во Грција или Србија. Нели е пологично, во пограничните области на матичната држава да има мешано население? Или, Македонците се „бараат“ секаде по светот и секаде се прикажуваат како Бугари, па зошто тоа да не биде и Албанија?
  3. До кога на ЕВРОПСКА Бугарија ќе и пречи македонската засебност, посебниост, јазик, култура, историја. Или, до кога ќе трошат европски пари за проекти со кои ќе се „докажува“ бугарскиот карактер на „заблудените“ Македонци со идентитет?
  4. Дали оваа Одлука за прифаќањето на амандманите на бугарските европратеници треба да биде уште една причина за Бугарија, како и другите соседи да ја блокира македонската држава за влез во европското семејство? Секако, овој европски документ би бил идеален како алиби за некое ново ВЕТО за Македонскиот идентитет и јазик да бида оставени на маргините на европскиот свет.
  5. Дали оваа Одлука ќе биди и сопка за Република Албанија во насока на адут за уцени за прием во Европската Унија.
  6. Дали Европскиот Парламент со прифаќање на документи со непроверени податоци, во таканаречени резолуции ги стимулира добрососедските и регионалните односи на Балканот?

Поради сето ова, слободни сме од Вас да побараме преразгледување на оваа Ваша Одлука за прифаќање на Резолуцијата. Затоа пак, доколку навистина сакате да му помогнете на овој дел од Балканскиот Полуостров, Вашата заложба би можела да се насочи во правец на тоа да и се наложи на Република Албанија да направи реален попис. Секако населението ќе треба без никакви притисоци да се изјаснува за своето чувство. На тој начин, европската јавност ќе ја дознае реалната народносна структура на жителите во Република Албанија. Напомнуваме, дека во процесот на разгледување на овој наш дикумент од страна на Европскиот Парламент, стоиме на располагање за Ваше натамошно информирање за да се осознае вистинската за македонското малцинство во Албанија. Тоа вклучува и наше присуство на некоја од Вашите седници.


www.ilinden-tirana.com

 
Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“- Тирана интервју за МИА PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 Февруари 2017 10:24

 


Албанската влада во рамките на Законот за малцинствата, кој е веќе финализиран, посебно место одвојува за заштитата на јазиците на петте национални малцинства кои живеат во земјата. За кои малцинства станува збор и што тие ќе добијат со него?

Конечно да се исполани ова барање што македонското национално малциство во Република Албанија го бара од 1991 година. Со овој закон ќе се регулираат правата на малцинствата во Албанија, како и правата на македонското национално малциство. Република Албанија признава два типа на малцинства и етнички малцинства: Македонци, Грци, Срби, Црногорци и културнојазични малцинства: Власи и Роми. Албанија не ги признава Бошњаците и Египќаните. Малцинствата во Република Албанија ќе добијат правна рамка, врз основа на која ќе можат да учат мајчин јазик и да го употребуваат мајчиниот јазик во општините во кои живат малцинствата.

Дали имате други барања до албанските власти со цел да се заштитат правата на Македонците во Албанија?

Македонското друштво "Илинден”-Тирана од неговото формиранње во 2009 година цело време поставува барање до албанската влада. Едно од нашите барања е да се смени територијалната поделба. Се покажа како неефикасно спојувањето на општините од Голо Брдо и Гора. Други наши барања се Македонците да можат да учат на македонски јазик во Голо Брдо и Гора, како и да се емитува програма на македонски јазик на државната телевизија. Имаме и други барање коишто се поврзани со подобрувањето на животот на македонското национално малцинство во Албанија.

Минатата недела Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Албанија во која се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, со што Македонците станаа Бугари. Што треба да се преземе за да биде исправена оваа непрвада?

Претставниците на Македонците во Албанија треба да реагираат во државните институции во Република Албанија. А, исто така и татковината Република Македонија треба да реагира во меѓународните организации. Таа одлука не е правно донесена и е донесена врз основа на лага од бугарските европратеници.

Што преземавте вие како здружение во врска со ова?

Македонско друштво „Илинден”-Тирана презеде низа активности со цел да се повлече таа срамна резолуција на ЕП. Испративме писмо до Федералната унија на европските националности - ФУЕН, Европскиот парламент, Советот на Европа, Европската слободна алијанса - ЕФА. Македонско друштво "Илинден”-Тирана ќе ги преземе сите мерки што се во рамките на можностите на друштвото.



Дали имате информација колку Македонци од Албанија имаат бугарско државјанство?

Според нашите информации, бројот е незначителен. Се работи за толку мала бројка што не треба да и се даде внимание.

Колку сте задоволни од третманот на албанските власти?

Македонско друштво "Илинден”-Тирана очекуваше повеќе од владата на Еди Рама. Но се потврди спротивното. Тој ја продолжи политиката на претходните влади. Се направи територијална поделба, при која Голо Брдо и Гора останаа без општини, нема образование на мајчин јазик, нема признавање на Македонците на целата територија на Република Албанија.

Што најчесто работат Македонците во Албанија, како заработуваат за живот?

Македонците во областите Голо Брдо, Гора, и Мала Преспа се занимаваат главно со земјоделство, а оние кои живеат во поголемите градови имаат поголеми шанси за вработување. Тие работат во приватен сектор, поретко во државни институции. Има и такви кои се занимаваат со свој бизнис.

До Македонија стигнуваат информации дека селата во кои живеат Македонците се непристапни, немаат пат, водовод и канализација. Дали има некои промени или ветувања од локалните власти дека тие проблеми ќе се решат?

Во секоја предизборна кампања во Албанија има ветувања дека ќе се решат проблемите со инфраструктурата, водоводот и канализацијата, но, овие проблеми сѐ уште не се решени. Во Голо Брдо и Гора ситуацијата е многу лоша, а во Мала Преспа многу се подобрени патиштата, имаат и водовод и други услови коишто се потребни за живот. Во Мала Преспа се подобрени условите, бидејќи општината Пустец ја раководи  градоначалник од  Македонската алијанса за европска интеграција и очигледно е подобрувањето на условите за живот. Секако се прават напори да се подобри ситуацијата и во обласите Голо Брдо и Гора. Да се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри за да нема масовно иселенување на Македонците од тие области поради немање услови за живот.


Ирена Радовановиќ

 
Македонско друштво “Илинден“- Тирана воопшто не е задоволна од односот на Министртвото за култура PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 Февруари 2017 19:45

 

Македонско друштво “Илинден“- Тирана воопшто не е задоволна од односот на Министртвото за култура, како и изминатите години и ова година Министерството за клтура не прифатги ни еден проект на македонските друштва. Македонското друштво “Илинден“- Тирана кои аплицирал со години со прокет за одржување фолклорен фестивал на Македоцните во Албанија секогаш е одибиено. Таму не сакаат ниту да слушнат за нашите проекти. Со години наназад а и оваа година нема ниту пара за доставните проекти од друштвата на Македонците. Македонците имаат потреба од поддршка на проектите од Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Министерството за култура треба да има предвид дека и Македонците во Република Албанија, треба да добиат проекти, македонците се  лојални граѓани и ги плаѓат сите даноци но пари за културни активности нема. Инаку, повикот објавен од Миистертвото за култура на први декември лани траел до 13 јануари.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa

Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 6 од 65