Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со директорот на „Танец“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Април 2017 19:20

 

 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 07.04.2017 година во Скопје, Република Македонија оствари средба со г-дин Зоран Џорлев директор на Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“, присутни беа и г-дин Горан Десовски проект менаџер во асамблот како и г-дин Миле Здравковски организатро во асамблот. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Зоран Џорлев за активностите на друштвото и му подари разгледници со народни носи на Македонците во Албанија. Директорот Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“ подари мал фонд со ЦД со Македонски песни за Македонците во Албанија. На средбата се нагласи потребата за соработка меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“ како национален асамбал што ги преставува сите македонци.

 

 

www.ilinden-tirana.com


 
Македонско друштво "Илинден"-Тирана со длабока тага ја прими веста за смртта на Елвир Пупулеку PDF Печати Е-пошта
Недела, 02 Април 2017 10:26

Македонско друштво "Илинден"-Тирана и Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо со длабока тага ја прими веста за смртта на Елвир Пупулеку. На 18 години почина од кратко боледување Елвир Пупулеку од Требиште, Голо Брдо. Учесник на Летен камп - 2014, 2016 во Охрид, Македонија. Заминувањето на Елвир Пупулеку е голема загуба како за неговото семејство, така и за сите соселани и пошироко. Голо Брдо загуби едно прекрасно момче. Во име на Македонското друштво "Илинден"-Тирана и Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо изразуваме најискрено сочувство кон семејството, блиските и пријателите на Елвир Пупулеку.

 

 

 
Претседателот на МКД “Илинден“-Тирана учестуваше на Меѓународната Конфернеција во Берлин PDF Печати Е-пошта
Четврток, 30 Март 2017 19:39

 

 

Во Берлин, Соузна Република Германија од 27-30 мај 2015 година во Рускиот дома за култура во Берлина се одржа XXIII Меѓународна Конфернеција на тема "Вредности и интереси во Промена на Светот: христијански пристап" организриано од Меѓународната фондација за единство на православните христијански нации со седиште во Москва Руска Федерација. На Конференција учестува од 20 земји покрај другите во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.Претседателот Никола Ѓурѓај се претстави со подготвен материјал во врска со православното население во Албанија пред Конференцијата. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на Меѓународната фондација за единство на православните христијански нации. Одделни средби имаше со Лео Ван Доесбург Директор за европски прашања во Европска Кристијан политичко движење со седиште во Холандија, со Силвиу Феодор претседател на Руска заедница во Румaнија, со Мирон Игнат пратеник во Руманскиот парламент, Цорнелиу Фурцулита пратеник во Молдавскиот парламент и Гази Хананиа советник на преседателот на Палестина Махмоуд Абас.


www.ilinden-tirana.com

 
Македонското друштво “Илинден“-Тирана со задоволство обавува весникот “Илинден“ и онлајн верзија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 16 Март 2017 09:31

 

 

Основните задачи на Македонско друштво "Илинден“-Тирана се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија. Македонското друштво "Илинден“-Тирана со задоволство обавува дека весникот Илинден освен печатна верзија сега може да се следи и на www.vesnik-ilinden.com . На тој начин нашиот весник го правиме достапен за сите Македонци во Република Албанија и ширум светот, како и за целокупната јавност. Вашите сугестии, критики и пофалби се добродојдени.

 

 
Македонско друштво "Илинден“-Тирана,со кампања Горе главата "Изјасни се дека си Македонец“ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 14 Март 2017 17:12

Главата Горе

Македонско друштво "Илинден"-Тирана ги повикува сите Македонците во Албанија да се изјаснат дека се Македонци да го чуват својот Македонски идендитет

 

Kokën Lartë

Shoqata Maqedonase "Ilinden"-Tiranë i bën thirje të gjithë maqedonasve në Shqipëri të deklarojnë se janë maqedonas dhe të ruajnë idenditetin maqedonas

 

Head Up

Macedonian association "Ilinden"-Tirana calls for all Macedonians to declare themselves as Macedonians in order to keep thier indentity, language and tradition

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 7 од 67