Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Летен камп - 2014 "Ја сакам Македонија“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Август 2014 15:35

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана учестуа на Летен камп-2014 "Ја сакам Македонија“ со 2 деца Македонци од Тирана. Македонско друштво “Илинден“Тирана Огранок Голо Брдо учестува со 7 деца Македонци од областа Голо Брдо. Летен камп-2014 „Ја сакам Македонија“ е под покровителство на Владата на Република Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи од 10 до 17 август во Охрид, Република Македонија првпат ќе учествуваат 100 ученици Македонци од соседните земји, од балканските земји и од дијаспората. Програмата на кампот опфаќа содржини за подигање на степенот на учесниците за познавањата за Македонија од областа на македонскиот јазик, историјата, географијата, културата, обичаите и традицијата, како и меѓусебното поврзување и соработка. Престојот на учесниците на Летниот камп Охрид -2014 "Ја сакам Македонија“ ќе биде збогатен со забава и спортски игри, како и со посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот Охрид и Охридското крајбрежие Самоиловата тврдина, Галеријата на икони, Плаошник, црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум и Музејот на вода.


www.ilinden-tirana.com

 
Соопштение PDF Печати Е-пошта
Петок, 08 Август 2014 22:03

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува повикот на грчките специјалци воени сили. Со пароли антимакедонски, антиалбански и антитурски “Генерал, планините без храна и вода, ние само ке пиеме крв македонски, албански и турски, се пеало”. Самиот чин на ваквите пароли  антимакедонски, антиалбански и антитурски се скандалозни и насилни. Згрозени сме од овој вандалски и нецивилизиран чин кој не доликува и нема место на тлото на Европа. Но треба труд и храброст за да се изградат искрени и пријателски односи  помегу Македонија, Грција и Турција. Апелираме на промисленост и одговорност до владата на Република Грција. Балканот треба да се одлепи од омраза и ксенофобија. Од историјата на омразата и војните меѓу народите кои никому ништо добро не донеле.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Честито Илинден PDF Печати Е-пошта
Петок, 01 Август 2014 10:50

 

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честитаме најголемиот Македонски празник Илинден, да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на  Илинденско востание од 1903 - та.

Македонско друштво Илинден Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


www.ilinden-tirana.com

 
Честитка до верниците со Исламска Вероисповед PDF Печати Е-пошта
Недела, 27 Јули 2014 08:27

 


Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
Петтата годишна конференција на иселеничките организации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 24 Јули 2014 20:00

 

 

Во организација на Агенцијата за Иселеништво во Скопје, Македонија од 23-24 јули 2014 година  се одржи четврта конференција на иселеничките организации. Македонското друштво “Илинден “-Тирана  учестуа како гости на конфернцијата на иселеничките организации со г-дин Ламбе Шатровси преставник на друштвото. На конференцијата присуствуваа 115 претставници од 143 иселенички организации од четири континенти и 20 гости од организации на Македонците и заедниците во соседството. На конференцијата присуствува и пратениците од диаспората во собранието на Република Македонија Ристо Манчев, Павле Саздов, Васко Наумовски.


 

Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор и убава песна, односно никогаш не го заборавила својот национален идентитет рече претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски. На свеченото затворање на конференцијата на иселенички организации претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов доделени одликувања и признанија "Македонија памти" на физички и правни лица од иселеништво за особени заслуги и достигнувања за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.


 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 Следно > Крај >>

Страница 62 од 68