Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Соопштение PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 Мај 2014 14:26

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Огранокот во Голо Брдо е првото друштво од Македонско национално малциство што стана дел од THE ALBANIAN CROWD ова е платформа на сите организации во Република Албанија, која обезбедува информации за секторот на граѓански организаци, малциски организаци и општествени претпријатија во Албанија. Исто така заедничка цел на платформата е унапредување и соработка помеѓу организациите на граѓанското општество. Овој проект се спроведува преку Партнери Албанија и Центарот за менаџирање со Конфликти помогнато од Амбасадата на САД во Тирана. Платформа ке објавува информаци за секторот на граѓанското општество, пројекти и други активности на организации.

Линк:

Македонско друштво “Илинден” –Тирана

http://www.thealbaniancrowd.org/site/item/shoqata-maqedonase-ilinden-tirane/

Македонско друштво “Илинден” –Тирана Огранок Голо Брдо

http://www.thealbaniancrowd.org/site/item/maqedonase-ilinden-tirane-dega-golloborde/

 

www.ilinden-tirana.com

 
Соопштение PDF Печати Е-пошта
Недела, 25 Мај 2014 22:33

 

Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Додека општините Стеблево, Требиште, и Големо Острени во Голо Брдо и општините Шиштавец и Запод во Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини. Во наредните 2 месеци следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули парламентот ќе гласа за новата територијална реформа. Општина Пустец го задржува тој статус. Но, таа среќа ја немаат општините во областите Гора и Голо Брдо населени главно со Македонци. Со сите пет варијанти кои се предлагаат од министерот за локална работи, се предлага припојување кон други општини. Македонско друштво “Илинден”-Тирана им прдлага на владата на Репблика Албанија и министерот за локална работи општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област. За Македонското национално малциство во  Албанија е чекор назад за почитувањето на правата на македонците припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден” -Тирана Огранок Голо Брдо има надеж дека владата на Република Албанија и премиерот  г-дин Еди Рама, нема да дозволи да се укинат општините во Голо Брдо и Гора.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо

 

www.ilinden-tirana.com

 
Честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј PDF Печати Е-пошта
Петок, 23 Мај 2014 14:03

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана ви честита денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука - глаголица.

 


www.ilinden-tirana.com

 
Македонското друштво "Илинден" - Тирана со честитка до Претседателот на Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 02 Мај 2014 13:37

 

Почитуван

Д-Р Ѓорге Иванов

Претседател на Република Македонија


Со особено задоволство, од мое име и името на Македонско друштво “Илинден”- Тирана и името на Македонското национално малциство во Република Албанија ви ja честитам изборната победа за претседател на Република Македонија. Македонско Друштво “Илинден”-Тирана безрезерви ja поддржa вашата иницијатива за кандидирање. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните пет години. Знаете дека во вашето справување со современите предизвици на македонската држава имате огромна поддршка од Македонците во Република Македонија, затоа што напредокот и благодетта на Mакедонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците каде и да живеат. Завршувајќи го ова наше кратко обраќање од соседна Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас. Дозволете ми, господине Претседател на Република Македонија, да ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

 

Никола Ѓурѓај

Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана


www.ilinden-tirana.com

 
Македонското друштво "Илинден" - Тирана со честитка за двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите PDF Печати Е-пошта
Петок, 02 Мај 2014 13:27

 

Почитуван

Претседател на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски

Дозволете во мое лично име, и во име на македонското друштво "Илинден"-Тирана, да Ви честитам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата “За подобра Македонија“ на претседателските и парламентарните избори 2014 година. Република Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години. Владата на Република Македонија со која Вие успешно раководите повеќе од седум години има напраено огромен исчекор за подобрување на секојдневното живеење на македонските граѓани. Знаете дека во вашето справување со современите предизвици на македонската држава имате огромна поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодетта на Mакедонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците каде и да живеат. Завршувајќи го ова наше кратко обраќање од соседна Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас. 

Никола Ѓурѓај

Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Страница 70 од 74