Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

niprom

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Соопштение за медиумите: PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 12 Декември 2016 23:32

 

 

 

Македонскo друштво "Илинден"-Tирана го поздравува Народниот правобранител за организација на Аудиториум на тема: За колективните права на малцинствата во Албанија. Македонскo друштво "Илинден"-Tирана има забелешка за извештајот. Народниот правобранител спомена дека во областа Гора "де факто" постои Горанско малциство. Македонскo друштво "Илинден"-Tирана посочува дека во областа Гора не постои Горанско малциство во областа Гора има македонско малциство и таму жие само македонското малцинство. Горанско малциство не може да се нарекува од географска име. Македонскo друштво "Илинден"-Tирана барања на Народниот правобранител во иднина да не ги нарекува Македонците во областа Гора како Горанско малциство без основа и без никакви аргументи.


Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

 

www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви Честита Св.Климент Охридски PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 Декември 2016 21:06

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Св. Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски. Св.Климент Охридски се упокоил мирно во Охрид на 8 август 916 година. Неговите мошти се чуваат во охридската црква Св. Климент во Охрид,Република Македонија.

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
Соопштение: За предвремени парламентарни избори во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 Декември 2016 09:16

Почитувани Македонци во Република Албанија

 

 


Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Република Албанија што се пријавени за претстојните предвремени парламентарни избори во Република Македонија избирачко право ќе можат да го оствара во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица “Кавајес’’ број 116. Во Тирана Република Албанија за предвремените Парламентарни избори во Република Македонија ќе се одржат во сабота 10.12.2016 во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Тирана со почеток во 7 часот наутро па се до затварањето на гласањето во 7 часот навечер. Право на глас имаат сите кои се пријавија за гласање во изминатиот период и притоа потсетуваме на денот на гласањето да се понесе македонскиот биометриски пасош или лична карта бидејќи само така ќе можете да го остварите правото на глас.

 

www.ilinden-tirana.com

 
Предлог-законот за заштита на националните малцинства во Албанија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 06 Декември 2016 17:09

Предлог-законот за заштита на националните малцинства во Албанија

Во рамките на спроведувањето на одредбите од Законот 146/2014 "Известување и консултации со јавноста" Министерството за надворешни работи објави јавен консултации за нацрт-законот "за заштита на националните малцинства во Република Албанија". Заинтересирани страни се поканети да ги достават своите забелешки и сугестии за предлог законот до 28 декември 2016 година на адреса на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


www.punetejashtme.gov.al/files/userfiles/Projektligji_per_Mbrojtjen_e_Pakicave_Kombetare.pdf


Projektligji për Mbrojtjen e Pakicave Kombëtare

Ne kuadrin e zbatimit te dispozitave të ligjit 146/2014 “Për njoftimin dhe Konsultimin Publik” Ministria e Punëve të Jashtme publikon për konsultim publik projektligjin “Për mbrojtjen e pakicave kombëtare në Republikën e Shqipërisë”. Subjektet e interesuar janë të ftuar të paraqesin komentet dhe sugjerimet e tyre për projektligjin brenda datës 28 dhjetor 2016 në adresën Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

www.ilinden-tirana.com

 
Соопштение:Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод избори на 11 декември во Македонија PDF Печати Е-пошта
Сабота, 03 Декември 2016 23:22

На 11 декември 2016 година Република Македонија е пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава. Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број и да го изразиме нашето демократско право на глас. Во овие специфични времиња ваквото право е всушност морална обврска и должност пред идните генерации Македонци да се врати државата кон вистинскиот пат како демократски и стабилен лидер во Балканот. Македонско друштво “Илинден”-Тирана посакува изборниот процес и постизборниот период да даде на Македонските граѓани позитивен импулс мотивација и прилика за унапредување во политичкиот социјалниот и економскиот живот во Република Македонија. Се надеваме дека преку овој важен настан Република Македонија ќе чекори успешно и позитивно кон патот на Европската интеграција. Сето ова нема да биде добро само за сите граѓани во Република Македонија и особено за Македонските малцинства во околните земји. За сето тоа е потребен труд од сите политички и граѓански организации и здруженија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана посакува успешни избори позитивен процес позитивна иднина за државата после изборите и успешно формирање на нова влада. Македонско друштво “Илинден”-Тирана посакува најуспешното демократско сценарио во паламентарните изборите на 12 декември.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 62