Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома
Македонија ја победи Грција во Улм - Германија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Nikola   
Петок, 23 Август 2013 20:13

Со фантастичната серија од 17- 6 во финишот од натпреварот, нашите кошаркари славеа со 77-75 против Грција на денешниот пријателски кој се играше во Германија. Македонските кошаркари ја запишаа втората победа во трите дуели против нашиот јужен сосед откако денес во германскиот град Улм славеа со 77-75. За да биде победата уште послатка, најдобриот грчки кошаркар Спанулис промаши шут за победа и го прокоцка водството кое што Грција го имаше во најголемиот дел од мечот.

Херој на вечерта беше Лестер Бо Мекејлеб кој дефинитивно фати ритам и повторно беше кобен за Грците денес постигнувајќи 25 поени од кои најголем дел во клучните моменти од натпреварот. За нас е добро што и Антиќ полека но сигурно влегува во форма. Новиот кошаркар на Атланта денешниот натпревар го заврши со 16 поени и 10 скока.


www.ilinden-tirana.com