Дома Дома
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес76
mod_vvisit_counterВчера189
mod_vvisit_counterОваа Недела868
mod_vvisit_counterМинатата Недела1092
mod_vvisit_counterОвој Месец535
mod_vvisit_counterМинатиот Месец4400
mod_vvisit_counterСите Денови23048

Контактирај не на фејсбук

Маркетинг

Ставете ваша реклама тука
За по детални информации контактирајте со претседателот на друштвото преку менито "Контакт"
Мајка Тереза – лик и дело еден век PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Четврток, 26 Август 2010 18:01

„Мајка Тереза не сакаше да зборува за своите дела. Таа му служеше само на Бога. Затоа и ние не зборуваме за нашата работа. Ние само му служиме на Бога“, ни рече главната сестра од Редот на Мајка Тереза, при нашата денешна посета по повод одбележувањето на сто годишнината од раѓањето на најпознатата хуманистка.

Четири сестри од Редот на мисионерката секојдневно ја продолжуваат нејзината мисија прехранувајќи и згрижувајќи ги најсиромашните со молитва, во една куќа во населбата Кисела Вода.

„Останав без работа. Дојдов во ситуација од црква да земам леб“ - ни рече еден од бројните Скопјани кои секојдневно доаѓаат во куќата на сестрите по неколку парчиња леб.

Мајка Тереза е родена на 26 август 1910 година во Скопје во семејството Бојаџиу каде живее до својата 18 годишна возраст, кога одлучува да му служи на Бога и да замине за Индија. Не го заборава родното Скопје. Овде навраќа неколку пати и при третата посета на родниот град ја основа мисијата со четири сестри.

Денеска Скопје и целиот свет ја одбележува 100 годишнината од нејзиното раѓање. 
По тој повод во Собранието се одржа свечена седница на која претседателот Трајко Вељановски во својот говор истакна дека Мајка Тереза останува пример за несебична посветеност на хуманоста. Нејзината животна посветеност и грижата за сиромашните и болните ја става во редот на најголемите хуманисти во човековата историја.

Последно освежено на Четврток, 26 Август 2010 18:07
Повеќе...
 
Одржано 20 јубилејно Генерално собрание на СМК PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Петок, 20 Август 2010 11:35

Викендов на 7 и 8 август се одржа Дваесетто јубилејно Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес. Во присуство на околу 120 пратеници од Австралија, Бразил, Јужно-Африканската Република, Египет, САД, Канада, Шведска, Германија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Италија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија, Франција, Унгарија, Руската Федерација, Холандија и Македонија, Давесетто јубилејно Генерално собрание на СМК својата работа ја посвети на одбраната на државното име Македонија. 

Реферат за 111 годишнината од формирањето на Македонскиот Конгрес и 20 годишнината од неговото возобновување во Светскиот Македонски Конгрес поднесе претседателот на СМК Тодор Петров. 

- Светскиот Македонски Конгрес прерасна во неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, во сложен динамички систем на органи и тела, тематски и регионални конференции, мисии пред меѓународни организации, канцеларии за врски, македонски заедници, на сите меридијани на земјината топка, во коишто се соработува, координира и разменуваат искуства, секој со оној во кој ќе ги препознае своите интереси. Светскиот Македонски Конгрес беше и остана авангарда на општествените реформи, Светскиот Македонски Конгрес ги мобилизира Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет. Светскиот Македонски Конгрес го отвори македонското прашање, прашањето за положбата и правата на Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет, Светскиот Македонски Конгрес понуди трајно решение на се уште отвореното македонско прашање. И нема сила што ќе не измести од таа намера. Светскиот Македонски Конгрес им припаѓа на сите Македонци од сите делови на Македонија во целиот свет, затоа што сите заедно го градевме, сите заедно во него се вградивме. Во релативно оганичени материјални услови, создадовме големи духовни вредности, ги промовиравме универзалните вредности на македонската цивилизација на која и’ припаѓаме сите ние заедно, - рече во рефератот претседателот на СМК Тодор Петров. 

Последно освежено на Петок, 20 Август 2010 11:38
Повеќе...
 
Американско - турска делегација во посета на Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Петок, 20 Август 2010 11:18

Со американско-турската делегација се сретнаа министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Зоран Коњановски.

„Сакаме да му порачаме на Конгресот дека е потребен балансиран дијалог, а не автоматски заземање на ставот на една страна, односно, да бидат слушнати сите страни и да не ја толкуваат историјата од аспект само на една страна. Македонските, грчките, турските и ерменските иселеници имаат нешто заедничко - сите се американски граѓани и треба да ги уживаат истите права“, изјави денес во Скопје, Линкен Мекерди, претседател на Турската коалиција на Америка, која ја финансира актуелната посета на делегацијата од 18 советници на американски конгресмени во Македонија, организирана од иселеничката организација од САД, Обединетата македонска дијаспора - ОМД.

Претседателот на ОМД, Мето Колоски потенцираше дека посетата не е дел од кампањата на македонската дијаспора од САД и Австралија, која под мотото „Никој нема право да преговара за моето име“ бара прекин на преговорите со Грција околу спорот за уставното име.

Според Колоски, со резолуцијата усвоена на јунскиот конгрес на ОМД, иселениците од Македонија го поддржуваат членство во НАТО и во ЕУ, но бараат зачувување на името и идентитетот, и се залагаат за покренување на постапка во ООН за менување на Резолуцијата 817 во делот за името и за отстранување на референцата - ФИРОМ.

„Потоа се надеваме дека ќе можеме некаква резолуција или барем писмо поддржано од страна на голем дел на пријателите во Конгресот и од новите пријателства што ги градиме за поддршка за НАТО“, вели Колоски:.

Според организаторите на гостувањето на 18-члената делегација на советници на американски конгресмени, со која во Скопје допатуваа и претставници на Турската коалиција на Америка и 15 професори и бизнисмени од Турција, тоа има за цел - запознавање на нејзините членови со Македонија, со ситуацијата во земјата и во регионот, и со можности за евентуална помош на Македонија за побрзо евроатлантско интегрирање.

Претседателот на Турската колиција на Америка, која како партнер на ОМД финансиски ја помогна посетата на американската делегација, смета дека во САД нема доволно познавања за Македонија и за Турција. Мекерди изјави дека македонските и турските иселеници во САД треба подобро да се организираат за да му парираат на силното грчко и ерменско лоби во САД.

„САД можат само да ги охрабрат Грците и Македонците да го решат проблемот и да одат напред оти и двете земји имаат свои проблеми со што се соочуваат и треба ди ги надминат“, потенцираше Мекерди.
Со американско-турската делегација се сретнаа министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Зоран Коњановски. Во соопштението на МНР се вели дека министерот Милошоски ги поздравил добрите пријателски односи меѓу Македонија и САД, изразил задоволство за одличната соработка на АРМ и Националната гарда на сојузната држава Вермонт и, потенцирајќи ја големата благодарност за континуираната и безрезервна поддршка на САД за Македонија, го пренел и очекувањето на македонската јавност за позасилена поддршка и отворено лобирање од САД во рамките на НАТО - за добивање на покана за членство на Македонија во Алијансата, уште на Самитот во Лисабон во ноември годинава.
Министерот Коњановски со гостите разговарал за соработката во мировните мисии во Ирак, во Авганистан, во Босна и во Либан, за улогата на Македонија во регионот, за односите со соседите и за реформите во областа на одбраната и во поглед на зачленувањето во НАТО.
Покрај Скопје, гостите од САД и Турција за време на престојот во Македонија, ќе ги посетат и Битола и Охрид.

mn.mk

ilinden-tirana.com

Последно освежено на Петок, 20 Август 2010 11:35
 
Голобрдци од двете страни на границата заедно го славеа Илинден PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Петок, 06 Август 2010 16:03

Со македонско оро и песна, жителите од областа Голо Брдо од двете страни на македонско албанската граница, за првпат, во селото Требиште на албанска страна заедно го прославија, 2 август денот на двата Илиндена. Тоа благодарение на можноста да минат преку преминот Џепиште –Требиште, кој функционирал се до средината на минатиот век. 

- Делегација на Република Македонија првпат официјално минува на граничниот премин Џепиште –Требиште. Со нашето поминување, нашето покажување на патните исправи практично означуваме една нова конекција меѓу Македонија и Албанија, што е од исклучително значење за граѓаните на Голо Брдо, рече заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров.

За жителите, кои се роднински поврзани, ова претставува многу значаен ден зашто ќе може да се видат, заедно да поминат радости и таги. Во исто време поради близината ќе имаат можност да пазаруваат во Дебар, но и да пласираат земјоделски и сточарски производи како некогаш.

- Јас како селанец поминувам тука слободно. Се надеваме дека нашите комуникации ќе бидат многу поубави од денес и тоа стварно е голема радост, вели жител на Отишани.

- Ова е многу убаво,ова што го напраја со патот. Овој пат што се напрај за нас. Дебар ни е поблиску, вели жител на Требиште.


Досега тие мораа да одат преку премините Блато и Ќафасан а од таму по макадски пат уште со часови. Сега до Дебар ќе стигнуваат за помалку од половина час.

За да постојано функционира овој премин ќе мора да се преземат дополнителни активности, по што ќе се овозможи непречен проток на луѓе и стока. 

Vera Todorovska

ilinden-tirana.com

 
PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Среда, 21 Јули 2010 12:36

Македонското друштво "Илинден" - Тирана

Почитувани граѓани и граѓанки, почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и во целиот свет, во името на Македонското друштво "Илинден" - Тирана и во свое име ви го честитам најголемиот Македонски празник ИЛИНДЕН со желба за многу години да го почитуваме и славиме Илинденското востание.

Македониум - Крушево

Македонско друштво "Илинден" Тирана

Претседател:

Никола Ѓурѓај

Последно освежено на Сабота, 24 Јули 2010 19:32
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Страница 1 од 9

Анкета

Дали ви се допаѓа дизајнот на сајтот
 

Поддржувачи и пријатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер