Десeтгодишнина на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Печати
Понеделник, 11 Февруари 2019 11:21

Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 6 февруари, среда од 18.00 до 20.30 часот во Хотел Ресторан “Дрери” ја одбележи 10 годишнината од формирањето. Македонско друштво “Илинден“-Тирана јубилејот го одбележи со богата програма. Прославата почна со Беседа “Обединување во Љубов“ од Тихомир Стојановски, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Република Македонија, поздравен говор одржа претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. На присутните се обрати и Амбасадорот на Република Македонија во Тирана, г-дин Данчо Марковски. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод десeтгодишнина од основањето и плодната работа на друштвото, додели Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Во прославата се претставува и три книги: 1. “Декада на Македонско друштво “Илинден”-Тирана” во издание на Македонско друштво “Илинден”-Тирана”, 2. “Македонците и Албанците од Берлинскиот конгрес до Илинденско востание” од проф.д-р Катерина Тодороска, и 3. “Етнографија и антропологија на Македонците ‘Нашинци’ од македонско-албанското пограничје“ од д-р Мери Стојанова.